Дописници МКДОпштински вести

Еколошки квиз за ученици во одморалиштето Михајлово

Еколошки квиз за основци се реализираше во просториите на одморалиштето „Михајлово“ на планината Кожуф, од страна на регионалното еколошко друштво „Еко-живот” од Кавадарци.

Кавадарци, 15 јануари 2020 (МИА) – Еколошки квиз за основци се реализираше во просториите на одморалиштето „Михајлово“ на планината Кожуф, од страна на регионалното еколошко друштво „Еко-живот” од Кавадарци.

-Целта е нагласување на потребата од што е можно поголема еколошка свест, надградба на еко знаењата и истакнување на важноста на прашањата поврзани со здравата и чиста животна средина, нагласи Роберто Паризов, претседател на друштвото.

Координатор на активностите беше Соња Иловска.

Пред квизот, учениците кои доаѓаат од разни општини, имаа можност да проследат и предавање за екологија, а предавач беше Милица Иваноска.

Настанот е во рамки на проектот „Произведи, употреби, рециклирај, повторно употреби”, финансиран со европски пари. свд/ир

Таг
Back to top button
Close
Close