Дописници МКДОпштински вести

Еколошки акции во училиштата во Свети Николе, Карбинци и Штип

По повод Денот на планетата земја, денеска низ основните и подрачни училишта во општините Свети Николе, Штип и карбинци се реализираа еколошки акции, а во нив активно учествуваа учениците, од прво до третто одделение, кои наставата ја следат со физичко присуство, како и нивните наставници.

Штип, 22 април 2021 (МИА) – По повод Денот на планетата земја, денеска низ основните и подрачни училишта во општините Свети Николе, Штип и карбинци се реализираа еколошки акции, а во нив активно учествуваа учениците, од прво до третто одделение, кои наставата ја следат со физичко присуство, како и нивните наставници.

Според градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски денеска најмалите учеа како да се грижат за животната средина, водата, но и да засадат дрвја во училишните дворови.

Во Општинското основно училиште (ООУ)„ Даме Груев во село Ерџелија се посадија нови 50 насади од дрвца во школскиот двор ,а во подрачните училишта се реализираа еколошки акции , во училиштето „Кирил и Методиј“ во дворот на училиштете се насадија нови цвеќиња и се изврши уредување на школскиот двор, а во училиштето „Гоце Делчев се реализира еколошка акција , квиз натрперави и доделување на награди од распишаниот ликовен и литературен конкурс по повод денешниот ден, рече Велковски.

Садење на садници, како и на цвеќе во училишните дворови имаше и во училиштата во општините Карбинци и Штип.вдј/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close