Дописници МКД

Еколошка хаварија на реката Брегалница во штипскиот регион

Од населбата „Македонка“ па се до штипско Ново Село реката Брегалница е обоена во бело, а покрај неа се чувствува мирис на лак.

Штип, 23 јуни 2020 (МИА) – Од населбата „Македонка“ па се до штипско Ново Село реката Брегалница е обоена во бело, а покрај неа се чувствува мирис на лак.

Во моментов екипа на крим-техника од Полициска станица – Штип прават увид по течението на река Брегалница, додека пак  членовите на спортското здружение „Брегалница“ веќе два часа се на терен и бараат од каде се испуштаат хемикалиите во реката Брегалница. Бараат веднаш инспекторите за животна средина да излезат на терен, да земат мостри од реката и да се пронајде виновникот. вдј/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close