Дописници МКДОпштински вести

„Еколог“донира 50 таблети за ученици од социјални семејства во Дебар

Градоначалникот на општина Дебар, Хекуран Дука, прими донација од претставници на компанијата „Еколог интернационал“ - сопственост на семејството Дестани од Тетово.

Дебар, 28 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на општина Дебар, Хекуран Дука, прими донација од претставници на компанијата „Еколог интернационал“ – сопственост на семејството Дестани од Тетово.

Станува збор за 50 таблет-компјутери за ученици кои потекнуваат од семејства со тешка социо-економска состојба, поради што немаат можност да ја следаат олјан наставата.

-Градоначалникот Дука искажа посебна благодарност до компанијата Еколог интернационал и семејството Дестани. Со донацијата ќе израдуваат 50 ученици, кои не можеа да ја следат наставата која се изведува онлајн, поради вонреднбата состојба, информираат од општината.

Компанијата донира неколку илјади таблет-компјутери за ученици во многу општини во државава кои имаат потреба од вакви електронски уреди за да можат да ја следат наставата онлајн.

-Оваа донација е наменета за учениците кои останаа надвор од образовниот процес, заради недостаток на дигитални уреди. Една од најважните работи што можеме да ја направиме заеднички за време на кризата на Ковид-19 е да се осигураме дека иднината на оваа земја, децата, ќе продолжуват наставата без пречки, изјави претходно за медиумите филантропот Лазим Дестани.вт/бт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close