0_Македонија.ПорталДописници МКД

Еко настанот ,,Вело родео” во вторник во Пехчево

По повод одбележувањето на Европската недела на мобилност, претстојниот вторник Општина Пехчево и здружението „Еко Логик“ ќе го реализираат настанот „Вело училиште. Настанот како што информираат организаторите ќе се одржи претстојниот вторник 22 септември 2020 во Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево.

Пехчево, 20 септември 2020 (МИА) – По повод одбележувањето на Европската недела на мобилност, претстојниот вторник Општина Пехчево и здружението „Еко Логик“ ќе го реализираат настанот „Вело училиште. Настанот како што информираат организаторите ќе се одржи претстојниот вторник 22 септември 2020 во Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево.
-Целта на настанот е зголемување и унапредување на знаењето на учениците, нивните родители, наставниците и секако пошироката јавност во развивање на вештините и РТ вело градови, вело маала.
За успешно организирање на настанот Живко Каликов, одговорен за односи со јавноста во општина Пехчево ги повика сите млади и активни сограѓани да дојдат во Едукативниот центар за зачувување на природата во село Негрево и да ги увидат придобивките од користење на велосипедот како превозно средство.
– Сите млади и активни сограѓани, кои се љубители во велосипедизмот можат да дојдат со својот велосипед и низ дружба и забава да ги увидат придобивките од користење на ова превозно средство. Настанот Вело родео овозможува учениците преку игра, забава и едукација да ја пренесат пораката за придобивките од возење велосипед како баланс, безбедност, сигнализација, контрола, тргнување, забрзување и запирање, а и активно да се забавуваат преку едукативни игри. Организацијата на вакви настани придонесува до поголема физичка активност кај младите, поточно за момент да ги остават телефоните и другите електрични уреди и да бидат активни, рече Каликов.
Настанот, како што додаде, е од отворен карактер и на истиот учество можат да земат сите заинтересирани ученици од училиштето „Ванчо Китанов“ од 4-то до 9-то одделение кои имаат желба да возат велосипед и да се забавуваат преку подготвените едукативни игри ,,Не лути се човеку”, сложувалки, Вело меморија, Еко квиз и голем број на други активности.
Претходно, во рамки на овој проект заинтересираните ученици имаа можност во текот на неделата со свои творби и дела да учествуваат на отворениот и јавен литературен и ликовен конкурс на теми поврзани со климатските промени и размислувањата на најмладите за создавање на вело градови, вело маала. вс/бк/

Back to top button
Close
Close