Некатегоризирано

Еко Герила: Несериозна изјава на Заев околу прогласување Шар Планина за национален парк

Движењето „Еко герила“ испрати соопштение до јавноста во кое истакнува дека ја смета изјавата на поранешниот премиер Зоран Заев за прогласување на Шар Планина за Национален парк како несериозна и срамотна. Според политичарот не го зел во предвид законот за заштита на природата.

Тетово, 3 февруари 2020 (МИА) – Движењето „Еко герила“ испрати соопштение до јавноста во кое истакнува дека ја смета изјавата на поранешниот премиер Зоран Заев за прогласување на Шар Планина за Национален парк како несериозна и срамотна. Според политичарот не го зел во предвид законот за заштита на природата.

-Образложението дека прогласувањето на Шар Планина ќе му го одземе правото на пасење на добиток е смешно и тенденциозно. Тој, како поранешен премиер, треба да знае дека добитокот не и штети на животната средина и на биолошката разновидност во природата, но уништувањето на флората и фауната и разните природни ресурси доаѓа од изградба на хидроцентрали и нелегална сеча. Да се увери дека пасењето на добиток не им штети на националните паркови, треба да побара од советниците да му го прочитаат Законот за заштита на природата, член 75, точка 2 и Предлог-законот за националниот парк Маврово, член 11, точка 3, во кој изрично се наведува дека пасењето добиток е целосно дозволен. Овој закон важи и за развој на туризмот на Попова Шапка, каде прогласувањето на Националниот парк не претставува никаква пречка, велат од Еко Герила.

Од таму ми порачуваат дека треба да биде информирана државата која е потписник на Бернската конвенција, која предвидува заштита на зони дури и без да бидат прогласени за национални паркови.

-Притоа, тој создава сомнеж кај граѓаните дека го жртвува прогласувањето на Шар Планина како национален парк за интересите на хидро-мафијата и другите групи на интереси. Исто така во претходната изјава на Заев (од 11 мај 2018), во која се наведува дека на градот Тетово не му е потребен јавен превоз, со банален изговор дека таксистите би останале без работа, е неприфатлива и воопшто непревентивна за нивото на загадување на воздухот во овој град, се вели во дописот на Еко Герила.

Од таму ги повикуваат сите политичари да бидат одговорни за проблемите со животната средина, каде што граѓаните и нивното здравје треба да бидат на прво место, а не деловните интереси на различни групи.ас/скс/

 

Back to top button
Close
Close