0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Еклстоун не очекува Ферари да го третира Фетел чесно до нивното разделување

Изненадувачки, Фетел одлучи да ја објави својата разделба со Ферари уште пред почетокот на првенството, а се очекуваше тоа да се случи во вториот дел по август. Нормално, секој очекува неговиот соиграч Шарл Леклер да биде третиран како пилот број еден и сите напори на „црните коњчиња“ во нивната борба со Мерцедес и Луис Хамилтон да бидат префрлени на него.

Маранело, 23 јуни 2020 (МИА) – Берни Еклстоун ја прокоментира претстојната последна сезона на Себастијан Фетел за тимот на Ферари. Легендарниот поранешен шеф на Формула 1 е близок пријател на четирикратниот светски шампион и се надева дека газдите во Скудерија ќе го третираат Себ искрено и со должна почит во сезоната 2020. Берни е добро запознаен со италијанската култура во тимот и очекува валкани моменти од нив.

Изненадувачки, Фетел одлучи да ја објави својата разделба со Ферари уште пред почетокот на првенството, а се очекуваше тоа да се случи во вториот дел по август. Нормално, секој очекува неговиот соиграч Шарл Леклер да биде третиран како пилот број еден и сите напори на „црните коњчиња“ во нивната борба со Мерцедес и Луис Хамилтон да бидат префрлени на него.

– Себастијан сега има пред себе само една цел и тоа е да биде побрз од Шарл оваа година. Ова се однесува на квалификациите, затоа што со конкурентно темпо тој не заостануваше минатата година. Италијанците нема да можат да прават што сакаат со тимските наредби. Се надевам дека ќе ме побијат и чесно се однесуваат кон него, затоа што би било многу страшно да го гледам како го пуште Леклер пред себе на секој старт. Фетел е силен ментално и многу добро знае какви се игрите во тимот на Ферари. Сепак, без исклучок, на секој пилот на толку високо ниво му е потребна целосна поддршка на тимот за да победи, заклучи Британецот.

Таг
Back to top button
Close
Close