0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

Екипите од Лос Анџелес продолжуваат со победи во НБА-лигата

Екипите на Лос Анџелес лејкерс и на Лос Анџелес клиперс забележаа нови победи во НБА-лигата и се зацврстија на двете водечки позиции во Западната конференција.

Лос Анџелес, 9 декември 2019 (МИА) – Екипите на Лос Анџелес лејкерс и на Лос Анџелес клиперс забележаа нови победи во НБА-лигата и се зацврстија на двете водечки позиции во Западната конференција.

Резултати на натпреварите од најсилната кошаркарска лига на светот играни ноќта меѓу недела и понеделник:
Мајами – Чикаго 110:105
Филаделфија – Торонто 110:104
Вашингтон – ЛА клиперс 119:135
Далас – Сакраменто 106:110
Портланд – Оклахома 96:108
ЛА лејкерс – Минесота 142:125.

Лејкерс имаат биланс 21-3 (победи-порази), додека Клиепрс се со ефект 17-7.

На Исток води Милвоки со 20-3 пред Бостон кој има скор 16-5. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close