0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Екипи на терен ги санираат последиците од поројните дождови во Велес 

Екипи од Општина Велес, како и фирми избрани на тендер за справување со последици од елементарни непогоди, интензивно работат на терен на санирање на последиците од поројните дождови во Велес и Велешко, особено во населбата Превалец, информираше денеска на прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски.

Велес, 14 август 2020 (МИА) – Екипи од Општина Велес, како и фирми избрани на тендер за справување со последици од елементарни непогоди, интензивно работат на терен на санирање на последиците од поројните дождови во Велес и Велешко, особено во населбата Превалец, информираше денеска на прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски.

Активностите од страна на Општина Велес се при крај, а потоа Јавното претпријатие за државни патишта ќе го санира оштетениот мост кај населбата Превалец, кој се наоѓа на регионалниот пат кој води кон општина Чашка, Извор и Богомила. Исто така, и просторот околу фудбалското игралиште и соблекувалните во населбата Градско, кој беше поплавен,наскоро ќе биде  вратен во првобитна состојба, најави Коцевски.

Тој информираше дека  активности  на терен се преземаат и за санирање на штетите и расчистување на наносите од чакал и песок кои ги има на повеќе патни правци.

Коцевски изрази загриженост за штетите настанати на многу стари велешки  куќи, кои се со карактеристична градба и архитектура и се специфични за велешката стара градска архитектура, а дел од нив се заштитени со закон како културно наследство.

За да не дојде до несакани последици поради одроните од куќите врз минувачите или на соседните куќи, навремено се преземени соодветни активности и поставена сигнализација и бариери за насочување на минувачите, појасни Коцевски.

Тој информира дека се во постојана комуникација со надлежните државни институции. Сериозна опасност претставува куќата на семејството Тапанарови, а општинската администрација е во контакт со сопствениците на куќата.

Градоначалникот  го објасни различното толкување на статусот на објектот, но и на многу други слични како овој, од страна на Националниот конзерваторски центар, и го покрена прашањето во врска со класификацијата на овој тип градби кои се евидентирани во списокот на културно наследство, но не се прогласени како споменици на културата.

Во тој случај, доколку објектот не е прогласен за споменик на културата, Општина Велес ќе издаде решение за рушење на објектот до сопствениците на куќата, а доколку тие не постапат, тогаш општината ќе го отстрани овој објект со сопствени средства, појасни Коцевски.

Информираше и дека комисиите за проценка на штети интензивно работат на терен.

Во врска со пријавите од граѓаните за пријавување штети настанати како последица од поплавите, се прави список на приоритетни објекти склони на рушење, согласно степенот на оштетувањата за да се изврши нивно рушење, доколку сопствениците не постапат, рече Коцевски.

Извести и дека сè уште се трага по исчезнатиот 51-годишен Спасе Димовски, кој попладнето минатиот четврок кај селото Белештевица беше однесен во надојденит поток кој потоа се влева во Вардар, кога со својот трактор  им помагал на екипи на ЕВН.

-На  последната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување во функција на потрагата дека треба да ставиме во функција и чамец на Тероторијалната противпожарна единица за да може потрагата да почне во коритото на реката Вардар.Се надевам дека акцијата ќе биде успешна и дека конечно ќе биде пронајдено телото на несреќно исчезнатиот, додаде Коцевски.

Рече дека по неговото писмено и усно обраќање, позитивен одговор за помош во потрагата по Димовски добил од Управниот одбор на ЕВН, кој го информирале дека ставаат на располагање возила и човечки ресурси. 

-Ги поврзав со командирот  на Полициската станица во Велес, потрагата трае, се уште  е неуспешна затоа што водите на Вардар се уште се големи, матни и тешко можат да го  најдат, појасни Коцевски. ад/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close