Дописници МКДОпштински вести

Екипата на „Карп Фиш“ победник на крапскиот риболовен натпревар „Боила куп-2021“

Со учество на 16 екипи од земјава и со победа на екипата Карп Фиш“ од село Лабуништа, заврши првиот натпревар „Боила куп-2021“, што изминативе четири дена се одржуваше на Осломејско езеро. Екипата победник довчерашната трета позиција денеска ја претвори во заслужен триумф.

Кичево, 11 април 2021 (МИА) – Со учество на 16 екипи од земјава и со победа на екипата Карп Фиш“ од село Лабуништа, заврши првиот натпревар „Боила куп-2021“, што изминативе четири дена се одржуваше на Осломејско езеро.

-До вчера третопласираната екипа на „Карп Фиш“, во последниот натпреварувачки ден оствари исклучително добар резултат и третото место на кое беше пласирана  до вчера, денеска го претвори во шампионска позиција со  вкупно уловени 79,260 килограми крап или во четирите дена имаа улов од 18 примероци крап. Второто место во генерален пласман и припадна на до вчера водечката екипа на Миа Еко Фиш од Скопје, со вкупен улов од 44,040 килограми.Третото место и припадна на екипата на КТ Статер од Струга, која до вчера беше второпласирана но по денешниот натпреварувачки ден падна на третото место, со вкупен улов од 40,840 килограми, рече Бесмир Елези, претседател на спортско- риболовното друштво„ Хантер Фиш“ од Кичево, организатор на натпреварот.

Тој појасни дека во четирите дена 16-те екипи уловиле вкупно  240,54 килограми крап или оствариле вкупен улов од 57 примероци, со просечна тежина од 4,220 килограми. Најголемиот примерок тежок 6,630 килограми го уловила екипата на Карп Фиш.

До крајот на оваа календарска година на Осломејско езеро треба да се одржат уште три големи риболовни натпревари, од кои два на бела риба и еден т.н. крапски натпревар. за/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close