Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

ЕК со план за сузбивање на „агресивните“ режими при планирање на корпоративните даноци

Европската комисија денеска објави план за сузбивање на „агресивните“ режими при планирање на корпоративните даноци кои кршат еднакви услови во единствениот пазар на ЕУ и тој чекор, според Комисијата, ќе и помогне на Европа да се опорави од кризата предизвикана од пандемијата на новот коронавирус.

Брисел, 15 јули 2020 (МИА) – Европската комисија денеска објави план за сузбивање на „агресивните“ режими при планирање на корпоративните даноци кои кршат еднакви услови во единствениот пазар на ЕУ и тој чекор, според Комисијата, ќе и помогне на Европа да се опорави од кризата предизвикана од пандемијата на новот коронавирус.

Членките на Европската унија се обидуваат да ги поддржат јавните приходи со цел да го финансираат економското закрепнување заради погласните јавни критики на сметка на корпорациите, особено мултинационалните дигитални гиганти, но и богатите лица за затајување данок.

Имајќи го тоа предвид, Комисијата објави дека ќе го прошири својот даночен кодекс за борба против оние корпоративни даночни режими на земјите-членки кои имаат генерално штетни последици.

Кодексот од 1997 година е инструмент на ЕУ за црната листа на даночни затајувачи, што довел до откривање на околу 120 вакви режими.

Во моментов, ЕУ може само да ги процени „преференцијалните“ режими, на пример ако една земја применува една даночна стапка на домашните компании и користи друга стапка за меѓународните компании. Претходните планови на ЕУ за промена на даночните правила беа спречени од вето на земја-членка, бидејќи регулативите овозможуваат една држава да ги блокира даночните реформи.

Сепак, Комисијата нагласува дека разгледува начини за заобиколување на системот за вето, веројатно, со употреба на член од договорот за основање на ЕУ, што дозволува даночните одлуки да се донесат со мнозинство гласови во случај на конкуренција.

Во мај, комисијата идентификуваше шест земји на ЕУ – Кипар, Унгарија, Ирска, Луксембург, Малта и Холандија – како даночни системи што компаниите ги користат за агресивно планирање на даноците. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close