0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderДописници СветПолитика

ЕК: Преговарачките рамки ќе се објават „што е можно поскоро“

Европската Комисија (ЕК) сѐ уште не ги „финализирала“ преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, повеќепати изјави дека тие ќе бидат се објавени во јуни, јави дописничката на МИА од Брисел.

Брисел, 25 јуни 2020 (МИА) – Европската Комисија (ЕК) сѐ уште не ги „финализирала“ преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, повеќепати изјави дека тие ќе бидат се објавени во јуни, јави дописничката на МИА од Брисел.

Портпаролката Ана Писонеро, одговарајќи на новинарско прашање денеска изјави дека „Комисијата сѐ уште работи на текстови на нацрт рамките“.

– Ги финализираме документите, немаме датум кога тие ќе бидат презентирани, но целта ни е тоа да биде што е можно поскоро, рече Писонеро.

Преговарачките рамки се најавуваат од почетокот на овој месец од страна на Европската Комисија. Тие нема да бидат достапни за јавноста, предупредија од ЕК, ќе се објави само соопштение. Овие нацрт рамки им се предаваат на земјите членки во Советот на ЕУ, кои потоа треба да ги одобрат, и евентуално модифицираат.

Според агендата на Советот, не се очекува тие да бидат на дневен ред ова лето, бидејќи во наредните недели интензивно се преговара за буџетот на ЕУ. тм/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close