0_Web_Насловна-слајдерSvet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

ЕК му порача на Ердоган да ги тргне мигрантите од грчката граница

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен пред почетокот на денешните разговори со претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција мора да ги одалечи бегалците и мигрантите од грчката граница, јавија британските медиуми.

Брисел, 9 март 2020 (МИА)  – Претседателката на  Европската комисија, Урсула фон дер Лејен пред почетокот на денешните разговори со претседателот Реџеп Таип Ердоган во Брисел изјави дека Турција мора да ги одалечи бегалците и мигрантите од грчката граница, јавија британските медиуми.

-Доколку се најде решение за оваа ситуација ќе биде олеснување за притисокот што сега е врз границата, рече Фон дер Лејен на прес-конференција во понеделникот.

Таа рече дека е потребно веднаш да се обезбеди правото на азил, поддршка и за Турција и за Грција, како и придвижување на луѓето – особено малолетни лица, заробени на грчките острови, кон континентална Европа. сд/

Back to top button
Close
Close