0_Македонија.ПорталПолитика

ЕК и препорача на С. Македонија да ги подобри своите климатски заложби

Министерот за животна средина, Насер Нуредини, вчера попладне остави видео состанок со генералниот директор за климатски прашања во Европската Комисија (ЕК), Мауро Петричионе, од кого добил охрабрување за повеќе климатски амбиции, јави дописничката на МИА од Брисел.

Брисел, 4 февруари 2021 (МИА) – Министерот за животна средина, Насер Нуредини, вчера попладне остави видео состанок со генералниот директор за климатски прашања во Европската Комисија (ЕК), Мауро Петричионе, од кого добил охрабрување за повеќе климатски амбиции, јави дописничката на МИА од Брисел.

Од одделот за климатски прашања на ЕК за МИА соопштија дека Нуредини и Петричионе разговарале за состојбата со климатските полити во ЕУ и во Северна Македонија. Европскиот соговорник го информирал македонскиот министер за главните предизвици и амбиции на ЕУ, односно постигнувањето на климатска неутралност до 2050 година и намалување на штетните емисии за 55 отсто до 2030 година.

-Директорот го нагласи меѓународниот момент и фактот дека многу од големите загадувачи го следат водството на ЕУ, изјавија од кабинетот на директорот за климатски прашања, изјавија од кабинетот на директорот.

Што се однесува до Северна Македонија, министерот Нуредини го информирал директорот за планираните инвестиции за зголемување на употребата на обновливи енергии и нагласил дека се финализира климатскиот закон во земјата, како и долгорочната климатска стратегија.

Со враќањето на САД во Парискиот договор и обновениот ентузијазам за борба против климатските промени, Брисел препорачал и Северна Македонија да му се приклучи на овој бран и да ја искористи политичката атмосфера за дополнителни климатски цели.

-Комисијата рече дека многу земји ќе ги подобрат своите заложби во рамките на Парискиот договор оваа година и важно да се биде дел од нив. Европската Комисија понуди да ја продолжи оваа дискусија со колегите од Северна Македонија на овие теми, посочија од кабинетот на директорот.

Климатската политика е главен приоритет на Комисијата под водство на Урсула фон дер Лајен. тм/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close