БалканБалкан.Портал

ЕК ќе го преиспита финансирањето на судството во БиХ

Европската комисија ја предупреди Босна и Херцеговина дека поради ограниченото спроведување на клучните реформи во областа на правдата ќе ја преиспита својата финансиска поддршка што ја доделува за оваа област преку Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина.

Брисел, 8 јуни 2020 (МИА)Европската комисија ја предупреди Босна и Херцеговина дека поради ограниченото спроведување на клучните реформи во областа на правдата ќе ја преиспита својата финансиска поддршка што ја доделува за оваа област преку Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина.

Комисијата изрази жалење за отпорот на кој наидуваат клучните реформи во рамките на судскиот систем на БиХ, но и пошироко, и потсетува дека владеењето на правото е основен критериум на патот на БиХ кон ЕУ.

Ограничените резултати во областа на судските реформи ја поткопуваат ефективноста на поддршката на ЕУ за судството во БиХ и Високиот суд и обвинителскиот совет. Според тоа, Европската комисија ја разгледува ефикасноста на нејзината финансиска поддршка доделена на Високиот судски и обвинителски совет, вклучително и независна проценка што е во тек“, соопшти Комисијата.

Во соопштението се додава дека во последните 15 години, Европската комисија обезбеди над 30 милиони евра за зајакнување на независноста, интегритетот и ефикасноста на судството во БиХ, од кои најголем дел беа распределени директно на Високиот суд и обвинителскиот совет. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close