ЕвропаЕвропа.Портал

ЕК ја зајакнува контролата врз активностите на странските компании

Европската комисија (ЕК) има намера да спроведе подетални инспекции на странски компании за да ги спречи да користат државни субвенции при купување европски фирми, изјави заменик-шефот на Европската комисија за дигитална економија Маргрете Вестагер.

Брисел, 9 јуни 2020 (МИА) – Европската комисија (ЕК) има намера да спроведе подетални инспекции на странски компании за да ги спречи да користат државни субвенции при купување европски фирми, изјави заменик-шефот на Европската комисија за дигитална економија Маргрете Вестагер.

Странските компании користат субвенции без наше знаење, тие доаѓаат без контроли. Постои голем ризик да го поделат единствениот пазар и да ја нарушат конкуренцијата, рече Вестагер.

Таа додаде дека инспекциите ќе влијаат не само на идните зделки, туку и на оние што веќе се во тек во ЕУ, доколку се осомничени дека користат државни субвенции за кршење на законот за конкурентност на ЕУ.

Овие и другите нови регулативи на ЕК ќе бидат вклучени во „Белата книга“ на заедницата за ова прашање, што се очекува да биде претставена следната недела. паг/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close