0_Спорт.ПорталКошарка

Ефремовски: Да ги добиеме двата натпревари во Талин

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Виктор Ефремовски посакува две победи на претстојниот квалификациски турнир во Талин.

Талин, 26 ноември 2020 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Виктор Ефремовски посакува две победи на претстојниот квалификациски турнир во Талин.

– Ни следуваат тешки натпревари на кои ќе мора да дадеме сè од себе за победа. Да ги добиеме двата натпревари во Талин, тоа се моите желби. За жал поради ситуацијата со коронавирусот тренинзите во Скопје не ги одработивме со комплетниот ростер. Дури овде, во Талин, имаме можност да го формираме тимот и да тренираме сите заедно, односно со капитенот Стојановски и новиот соиграч Џејкоб Вајли. Времето е многу кратко, а ни следуваат тешки натпревари на кои ќе мора да дадеме сè од себе за победа.

„Црвено-жолтите“ во рок од три дена, од 28 до 30 ноември ќе играат со селекциите на Италија и на Естонија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close