0_Македонија.ПорталГраѓански секторДописници МКД

Едукативно-превентивни активности за безбедност во сообраќајот во Кратово

Полициската станица од општина Кратово, во соработка со Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Куманово ја спроведоа кампањата „Безбедноста на прво место“.

Крива Паланка, 18 септември 2020 (МИА) – Полициската станица од општина Кратово, во соработка со Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Куманово ја спроведоа кампањата „Безбедноста на прво место“.

-Активноста опфати неколку сегменти од едукативно-превентивен карактер, во коишто се вклучија средношколците од кратовската гимназија „Кочо Рацин“ и нивната училишна сообраќајна патрола. Припадниците на МВР и гимназијалците реализираа теренски активности низ улиците во Кратово, при што возачите беа предупредувани за безбедно и внимателно возење, им се делеа флаери за значењето на безбедно управување со возилата, а и на возачите и на останатите учесници во сообраќајот, како и на граѓаните присутни на најфреквентните локации во градот им се укажуваше за задолжително носење заштитна маска во времето на пандемија со Ковид-19, информираат од локалната самоуправа на Општина Кратово.

Во рамки на кампањата на РСБПС за безбедно лето, одговорната од Отсек за превенција на СВР Куманово, Виолета Богдановска одржа и едукативна трибина за средношколците од Кратово за безбедност во сообраќајот.ид/см/

Back to top button
Close
Close