0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Едукативни флаери за земјоделците да внимаваат кога горат отпад на нивите

Едукативни флаери за земјоделците, за да внимаваат кога горат отпад на нивите, беа поделени денеска во Кавадарци, од страна на одделот за превенција при Органот за внатрешни работи.

Кавадарци, 13 февруари 2020 (МИА) – Едукативни флаери за земјоделците, за да внимаваат кога горат отпад на нивите, беа поделени денеска во Кавадарци, од страна на одделот за превенција при ОВР.

-Превентивната акција беше реализирана во месноста „Краиште“. Таму беше разговарано со земјоделци, беа поделени флаери за превенција од пожари на отворен простор. Сето тоа, со оглед на поволните временски услови и високи температури кои овозможија земјоделците да излезат на лозовите насади и да отпочнат со обрежување и кроење на виновата лоза, собирање и горење на отпад и суви прачки, палење на меѓи и стрништа, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција.

Тој нагласи дека токму  во овој период минатата година, Тиквешијата беше зафатена од голем број на пожари, па затоа е и овој апел и предупредување на земјоделците. свд/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close