Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Едукативна изложба и базар на ракотворби за промоција на мартинките

Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ денеска напладне во ТЦ „Капитол“ седми пат ќе ја организира манифестацијата „Среќна Баба Марта 2020“, која е дел од активностите за признавање на мартинките како традиционален украс за нематеријално светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО.

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ денеска напладне во ТЦ „Капитол“ седми пат ќе ја организира манифестацијата „Среќна Баба Марта 2020“, која е дел од активностите за признавање на мартинките за нематеријално светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО.

Настанот ќе биде отворен до 1  март и покрај изложба на оригинални рачно изработени амајлии од нашата земја, Бугарија и Романија, ќе опфати и едукативни панели, продажна галерија со ракотворби и креативна работилницa за деца.

– Статусот кој УНЕСКО му го додели на „Хаемус“ како носител на обичајот мартинки, кој е светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО, е огромна одговорност за нас како граѓанска организација. За таа намена беше креиран долгогодишниот проект „Денот на Баба Марта“ преку кој покажуваме дека ги почитуваме верувањата и обичаите поврзани со мартинките и ги негуваме во духот на традицијата, во сите облици и начини кои би придонеле за нивната поширока промоција, едукација и популаризација, изјави Василка Димитровска, директор на „Хаемус“. хс/бк/

Back to top button
Close
Close