Дописници МКДОпштински вести

Едноцифрен број заболени од Ковид 19 по подолг период во тетовскиот регион

Кризниот штаб на општина Тетово информира дека по подолго време во регионот има едноцифрен број новозаболени од Ковид-19, односно четири нови случаи, од кои три се во општина Тетово, а еден во руралните општини.

Тетово, 22 јуни 2020 (МИА) – Кризниот штаб на општина Тетово информира дека по подолго време во регионот има едноцифрен број новозаболени од Ковид-19, односно четири нови случаи, од кои три се во општина Тетово, а еден во руралните општини.

– Вкупно сега има 538 заболени од кои 333 се активни. Излекувани се 169, а има вкупно 36 починати, истакна градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Taa потенцира дека конечно со одлука на Кризниот штаб се либерализира превозот на патници за што имаше забрана од 21 април во насока на спречување на ширење на коронавирусот.

-Комисијата за заразни болести донесе основа според која, кризните штабови сами одлучуваат за организирање на меѓуопштински превоз. Како заклучок Кризниот штаб испрати решение до СВР Тетово со кое информира и го либерализира општинскиот јавен превоз. При тоа превозниците треба да ги почитуваат мерките за заштита, истакна Арифи.

Посочи дека во тетовската болница, како и минатата недела има ист број хоспитализирани.

-Секој ден има лица кои се примаат и отпуштаат, а денеска на третирање се 11 случаеви. Некои од нив се на кислородна поддршка, а сите задржани се поради потреба да се третираат во здравствена установа поради нивната потешка клиничка слика додека другите случаи кои се позитивни, дел од нив земаат терапија дома, додека дел од нив кои се без симптоми чекаат две недели да поминат за да направат контролен тест, изјави градоначалничката.

Таа истакна дека чека повик од Комисијата за заразни болести со цел да се разговара за понатамошните мерки за заштита поради либерализација на одредени области како угостителството и хотелиерството.

– Имаме една либерализација на мерките и тоа продолжува денеска, работење на објекти, се отвораат граници, превоз дозволи надвор од граници, нормално дека се движиме кон поголема либерализација.Ќе продолжиме да инсистираме да се продолжи почитување на мерките и протоколите. Не мислам дека во моментот има други екстра можности освен фактот сите се однесуваме сериозно кон болеста, но исто така важно е капацитетите на нашите болници да бидат во солидна состојба за да можат да третираат покомплексни случаи. Исто така препораките да се почитуваат, истакна Арифи.

Во текот на викендот тетовската полиција изрекла 239 казни на лица кои не ја почитувале мерката за задолжително носење на маски. ас/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close