СветСвет.Портал

Едно лице загина во експлозија во близина на Техеран

Најмалку едно лице загина, а десетмина се повредени во експлозија во продавница за батерии во близина на Техеран, јави иранската државна телевизија.

Техеран, 11 септември 2020 (МИА) – Најмалку едно лице загина, а десетмина се повредени во експлозија во продавница за батерии во близина на Техеран, јави иранската државна телевизија.

Според локалните медиуми, експлозијата на улицата Тохид, јужно од Насимшачер, предизвикала голема штета на десет автомобили и 30 згради.

Во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close