Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Едно лице загина во експлозија на петарда во Стразбур (видео)

За време на прославата на новогодишната ноќ, едно лице загина при експлозија на петарда во Хагено во близина на Стразбур, јави дописникот на МИА.

Париз, 1 јануари 2020 (МИА) – За време на прославата на новогодишната ноќ, едно  лице загина при експлозија на петарда во Хагено во близина на Стразбур, јави дописникот на МИА.

Едно лице е убиено беше во новогодишната ноќ во вторникот, во Хагено, во Долна Рајна Рин, жртвата е 27-годишен маж при користење на петарда со огромна моќ, т.н. „топовски удар“.

Употребата на петарди во регионот иако е забранета од властите сепак, секоја година доведува до сериозни повреди при прославата на Нова година.

Според полицијата, новогодишната ноќ била доста немирна во Стразбур и неговите соседни општини, иако нема објавени податоци, има поголем број на запалени автомобили, а се вели дека има повеќе уапсени лица, а имало и повредени меѓу кои и припадници на силите на редот.

Притоа имало запалени автомобили, чиј број не е исто така даден, феномен кој е доста присутен во Стразбур последниве децении и кој потоа се прошири во цела Франција. Засега според радиото Франс Интер, палење на автомобили имало и во Колмар исто како и напади врз силите на редот со пиротехнички средства за огномет или со други предмети. Лицата кои ги опожаруваат автомобилите најчесто се во групи и со качулки, најчесто млади, па дури и малолетни, соопшти директорот на одделот за јавна безбедност на Долна Рајна, Ени Брегал.

Градоначалникот на Стразбур, Роланд Рис, испрати порака преку социјалните мрежи апел „за смиреност и почит кон другите“.тг/

Back to top button
Close
Close