Svet.SlajderСветСвет.Портал

Едно лице убиено, 11 повредени во пукотница во Минеаполис

Едно лице е убиено, а 11 се повредени во пукотница во Минеаполис, соопшти денеска локалната полиција. Во објавата на Твитер полицијата соопшти дека сите ранети се со различен степен на повреди, но никој не е во животна опасност. 

Минеаполис, 21 јуни 2020 (МИА) – Едно лице е убиено, а 11 се повредени во пукотница во Минеаполис, соопшти денеска локалната полиција. Во објавата на Твитер полицијата соопшти дека сите ранети се со различен степен на повреди, но никој не е во животна опасност.

Засега не се соопштени учесниците или мотивот за пукањето, но на социјалните мрежи се прошири информација дека во областа била забележана група од околу 100 луѓе со различно оружје.

Полицијата им препорача на граѓаните да го избегнуваат делот на градот каде дојде до пукање, но не соопштија повеќе детали за инцидентот. Дел од градот на кој се однесува предупредувањето е комерцијален кварт, каде е локалниот театар и неколку барови и ресторани.

Токму од Минеаполис почнаа масовните протести против полициска бруталност и системски расизам откако Афроамериканецот Џорџ Флојд беше убиен за време на полициско апсење. ссм/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close