Дописници МКДОпштински вести

Едно лице полесно повредено од експлозија во битолски дуќан

Вработена во дуќан за продажба на риби е полесно повредена по експлозија предизвикана од плинска инсталација во дуќанот.

Битола, 3 јануари 2020 (МИА) – Вработена во дуќан за продажба на риби е полесно повредена по експлозија предизвикана од плинска инсталација во дуќанот.

Од Територијалната против пожарна единица во Битола информираа дека експлозијата најверојатно е предизвикана од активирањето на плинот како енергенс во дуќанот-рибарница и среќа во несреќа е, велат, што не експлодирале плинските боци во дуќанот.

– Вработената со итна медицинска помош и без тешки телесни повреди е задржана на лекување во Клиничка болница-Битола, потврди Сузана Конеска, портпарол во таа здравствена установа.

СВР-Битола и надлежни органи ги истражуваат причните за несреќниот случај во дуќанот-рибарница кој се наоѓа во новиот битолски пазар. мт/цр/

 

Back to top button
Close
Close