0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

Едно лице почина во сообраќајка на автопатот Неготино-Кавадарци

Едно лице почина, а тројца се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот-Неготино Кавадарци.

Скопје, 19 септември 2020 (МИА) – Едно лице почина, а тројца се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Неготино-Кавадарци.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во 13.50 часот возило Опел Корса со скопски регистарски таблички излетало од патот.

Во возилото кое се движело на автопатот Неготино – Кавадарци се превезувале четири лица, членови на едно семејство.

Во  близина на село Прждево, од засега неутврдени причини, возилото излетало од патот, по што од здобиените повреди животот го изгубило лице на возраст од 89 години. Возачот и  патниците се здобиле со повреди, а поради сериозноста на повредите едно од нив е упатено на лекување во Скопје.

Јавниот обвинител издаде наредба за вршење на сообраќајно техничко вештачење со цел утврдување на причините за случената сообраќајна несреќа.​ ац/

Back to top button
Close
Close