0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

Една жртва во сообраќајката кај Врбјани на патот Охрид – Кичево

Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на магистралниот патен правец Охрид – Кичево, во близина на село Врбјани.

Охрид, 25 јули 2021 (МИА) – Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на магистралниот патен правец Охрид – Кичево, во близина на село Врбјани.

Според првичните информации потврдени од полицијата, незгодата се случила околу 18:20 часот, при директен судар на две патнички возила марка „Фолксваген голф“ и „Тојота“, при што смртно настрадал возачот на „голфот“.

Сообраќајот на тој дел од магистралниот пат се одвива со пренасочување по делниците од автопатот во изградба. аб/мч/

Back to top button
Close
Close