Дописници МКДОпштински вести

Една недела без нови случаи на КОВИД-19 во Пијанечко-малешевскиот регион

Една недела без нови регистрирани случаи на присуство на вирусот Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион. Во моментот во четирите општини кои потпаѓаат на ова подрачје Делчево, Берово, М.Каменица и Пехчево има три активни случаи од кои еден во Берово и еден два во Пехчево.

Берово, 22 јуни 2020 (МИА) – Една недела без нови регистрирани случаи на присуство на вирусот Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион. Во моментот во четирите општини кои потпаѓаат на ова подрачје Делчево, Берово, Македонска Каменица и Пехчево има три активни случаи, од кои еден во Берово и еден два во Пехчево.

– Конкретно во Пехчево како активни се водат двата случаи на брачни сопружници, сопственици на приватна текстилна конфекција. Тие се во добра состојба и се придржуваат кон упатствата за нивно поскоро оздравување. Индиции за нови кластери и евентуално нови заболени за среќа немаме регистрирано, информираат од пехчевскиот здравствен дом.

На листата на пациенти позитивни на вирусот Ковид-19 е исто така пациент од Берово кој според надлежните е во добра состојба.

– Релативно без посериозни проблеми се одвива оздравувањето на пациентот кој од почетокот на пандемијата е втор случај во беровско. За среќа и покрај напливот од туристи кои во изминатите две недели го преплавија Берово, немаме индиции за нови случаи, што е за поздравување, додаваат беровските здравствени работници.

Во двете општини, како што додаваат надлежните се почитуваат препораките за заштита од коронавирусот при што во угостителските објекти присуство без маска не е дозволено. Останатите мерки за заштита од појавата на нова зараза како што додаваат ќе продолжат да се почитуваат согласно насоките на Министерството за здравство.

Во останатите две општини од регионот Делчево и М.Каменица нема заразени од коронавирус. вс/оџ/

Back to top button
Close
Close