0_Web_Насловна-слајдерSvet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Единаесет жртви во пожар во станбена зграда во Чешка (видео)

Пожар во 13-катна станбена зграда во чешкиот град Бохумин однесе 11 животи, меѓу кои и на три деца.

Прага, 9 август 2020 (МИА) –  Пожар во 13-катна станбена зграда во чешкиот град Бохумин однесе 11 животи, меѓу кои и на три деца.

Пет лица загинале откако скоканале од прозорците на високите катови на зградата. Најмалку 10 лица се повредени. Пожарот започнал од стан на 11-ти кат од зградата.

Според информациите на чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамшек, пожарникар се здобил со сериозна повреда.

Бохумин се наоѓа во источниот дел на Чешка во близина на границата со Полска. зш/

Back to top button
Close
Close