Дописници МКДОпштински вести

Единаесет здравствени работници од дебарската Општа болница утре ќе примат вакцина против Ковид-19

Првата група од 11 здравствени работници од Општата болница со проширена дејност во Дебар, непосредно вклучени во лекувањето на ковид пациенти, утре ќе ја примат првата доза од вакцината против Ковид-19, изјави за МИА, директорот на болницата, Баки Алили.

Дебар, 23 февруари 2021 (МИА) – Првата група од 11 здравствени работници од Општата болница со проширена дејност во Дебар, непосредно вклучени во лекувањето на ковид пациенти, утре ќе ја примат првата доза од вакцината против Ковид-19, изјави за МИА, директорот на болницата, Баки Алили.

-Станува збор за лекари и медицински сестри од ковид – центарот, односно Инфективното одделение, кои се и најангажирани во третирањето на ковид пациентите, а вакцината ќе ја примат во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје. Меѓу 210-те вработени постои голем интерес за имунизација, но тие секако ќе бидат опфатени подоцна, додава Алили.

Тој посочи дека епидемлошката состојба пополека се смирува, на што наведуваат и официјалните податоци за тоа.

-Од понеделникот до вчера во нашето подрачје, односно општините Дебар и Центар Жупа опасниот вирус е дијагностициран кај 12 лица, а битката ја добиле 13 лица. Намален е и бројот на хоспитализирани во ковид – центарот, каде денеска се четврица пациенти, сите на кислородна подршка, но во стабилна сосотјба. Амбулантски се лекуваат пет, а веќе немаме пациенти во здравствени установи во Скопје, дпдаде Алили.

Од почетокот на пандемијата, досега, вирусот е дијагностициран кај 788 лица, активни на болеста се 43, додека починале 40 пациенти. вт/рп/

 

 

Back to top button
Close
Close