Svet.SlajderСветСвет.Портал

Единаесет пожарникари повредени во експлозија во Лос Анџелес

Пожарникарите се повредени по експлозијата до која дошло откако влегле во зградата, обидувајќи се да го изгаснат пожарот, пренесуваат американските медиуми.

Лос Анџелес, 17 мај 2020 (МИА) – Најмалку 11 пожарникари се повредени во пожар што денеска избувна во рафинерија за нафта во Лос Анџелес.

Пожарот зафатил неколку згради, а 230 пожарникари биле испратени на местото на настанот.

Пожарникарите се повредени по експлозијата до која дошло откако влегле во зградата, обидувајќи се да го изгаснат пожарот, пренесуваат американските медиуми.

Началникот на противпожарната служба, Ерик Скоти, изјави дека имало „голема експлозија“.

Според него, пожарникарите морале да претрчаат преку огнен ѕид висок девет метри, додека тие што биле на покривот се спуштиле по скалилата што биле зафатени во пожарот. сд/

.

 

 

Back to top button
Close
Close