0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Единаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро

Изминуваат единаесет години од бродската несреќа што се случи на Охридското Езеро кога при потонувањето на „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија.

Охрид, 4 септември 2020 (МИА) – Изминуваат единаесет години од бродската несреќа што се случи на Охридското Езеро кога при потонувањето на „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија.

Предвидено е на утрешната комеморација на самиот ден на несреќата да присуствуваат делегации на Општина Охрид, на бугарските козуларни и културни претставништва во земјата, на Капетанијата на пристаништа и на Здружението на граѓани „5 септември“ како и граѓани на Охрид. Овојпат поменот на загинатите ќе се одржи пред новиот споменик, поставен во паркот пред каналот Студенчишта.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден“ што со 57 патници пловеше од Охрид за Свети Наум. „Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.

Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица од општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица. аб/сст/

Back to top button
Close
Close