Дописници МКДОпштински вести

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајка кај Струмица

Дваесет и едногодишен сопатник починал, а уште тројца се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа 30 минути по полноќ на магистралниот пат Ново Село-Смоларска крстосница, на излез од село Ново Село, информираат од СВР Струмица.

Струмица, 13 јануари 2020 (МИА) – Дваесет и едногодишен сопатник починал, а уште тројца се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа 30 минути по полноќ на магистралниот пат Ново Село-Смоларска крстосница, на излез од село Ново Село, информираат од СВР Струмица.

Во несреќата учествувале автомобили „форд мондео“,и „мерцедес бенз“ и двата со струмички регистарски ознаки.

-Од здобиените повреди, во незгодата починал сопатникот во возилото „мерцедес бенз“ И.И.(21) од село Ново Коњарево, а со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд мондео“,Д.Д.(24) и сопатникот во истото возило И.С.(19) од село Рич, додека со телесни повреди се здобил В.Ч. (23), возач на „мерцедесот“ по што биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош, се додава во соопштението на струмичката полиција.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на Полициската станица Струмица.

Сообраќајот бил во прекин и бил пренасочен по локалните патишта од 00:45 до 04:00 часот. рт/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close