0_Web_АктуелноХроникаХроника.Портал

Еден полицаец загина во сообраќајка на патот Тетово-Гостивар

Полициски службеници од БПС-Гостивар П.Ѓ. и Ф.Ш. вечерва околу 19 часот на патот Тетово-Гостивар додека обезбедувале на лице место на сообраќајната незгода што претходно се случила меѓу две возила, во нив удрило патничко возило „форд фокус“.

Скопје, 28 декември 2019 (МИА) – Полициски службеници од БПС-Гостивар П.Ѓ. и Ф.Ш. вечерва околу 19 часот на патот Тетово-Гостивар додека го обезбедувале местото на сообраќајната незгода што претходно се случила меѓу две возила, во нив удрило патничко возило „форд фокус“.

Според првичните информации од терен, како што соопштија од МВР за МИА, Ф.Ш. е пренесен во болница во Гостивар, а П.Ѓ. починал.

Во ПС Гостивар од слобода е лишен Р.Ш. (31) од село Грашница-Кичево кој го управувал возилото „форд фокус“ со кичевски таблички, соопшти МВР. мс/нд/

Таг
Back to top button
Close
Close