0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Еден нов случај на Ковид-19 во Гостивар, вкупно активни се 109

Во општина Гостивар регистриран е уште еден случај на заболен од Ковид-19 со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандeмијата достигна 156.

Гостивар, 13 јули 2020 (МИА) – Во општина Гостивар регистриран е уште еден случај на заболен од Ковид-19 со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандeмијата достигна 156.

Според последните информации на подрачната единица на Центарот за јавно здравје во трите гостиварски општини активни се 144 случаи од кои 32 во општина Врапчиште, 4 во Маврово и Ростуше, а во општина Гостивар има 109 случаи.

Од заболените, на болничко лекување се 23 лица, а 122 со послаби симптоми се лекуваат во домашни услови. Од почетокот на пандемијата предизвика на од корона вирусот на поширокото гостиварско подрачје позитивни на тестирањата биле 230 лица. Најмногу 156 има во општина Гостивар, во Врапчиште 64 и 10 во Маврово и Ростуше. Од нив излекувани се 72 лица.

Со корона вирусот, досега се инфицирани вкупно 17 здравствени работници. Од последиците по заразувањето со Ковид-19 починале 17 лица (Гостивар, 10, Врапчиште 6 и Маврово Ростуше 1).

По направените анкети и спроведените протоколи, инфектолозите досега зеле 894 брисови за тестирање.

Во меѓувреме, според информациите од Министерството за здравство во рамки на подготовките за новиот бран на Ковид 19, наесен во Гостивар се планира да формира ковид-ценатр. На последниот состанок на здравствените власти и градоначалниците од 16 општини, било предложено и прифатено таков центар да има во близина на општата болница „Ферид Мурад“.згм/см/

Back to top button
Close
Close