Дописници МКДОпштински вести

Еден нов случај на Ковид-19 и двајца оздравени во Кичево

Во Кичево денеска има еден новозаразен со Ковид-19 кој се лекува во домашни услови и две лица оздравени, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна 287 лица, од кои 39 се активни, 234 се излекувани и 14 лица починати, информира д-р Џабир Бајрами, директор на Здраствена дом и член на Кризниот штаб на општина Кичево.

Кичево, 10 септември 2020 (МИА) – Во Кичево денеска има еден новозаразен со Ковид-19 кој се лекува во домашни услови и две лица оздравени, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна 287 лица, од кои 39 се активни, 234 се излекувани и 14 лица починати, информира д-р Џабир Бајрами, директор на Здраствена дом и член на Кризниот штаб на општина Кичево.

Тој додаде дека во последните неколку денови во континуитет има намалување на активните случаи во општина Кичево.

Бајрами нагласи дека останува апелот до сите граѓани да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции. рз/мс/

Back to top button
Close
Close