Svet.SlajderСветСвет.Портал

ЕЦТАА: На ЕУ и треба координирани ограничувања и тестирања, а не карантин

Европските влади треба да го заменат карантинот со кооридинирани ограничувања и тестирања на Ковид-19, соопши денеска Европската асоцијација на агенти за патувања и тур-оператори (ЕЦТАА), барајќи интервенција од Европската комисија

Брисел, 18 септември 2020 (МИА) – Европските влади треба да го заменат карантинот со кооридинирани ограничувања и тестирања на Ковид-19, соопши денеска Европската асоцијација на агенти за патувања и тур-оператори (ЕЦТАА), барајќи интервенција од Европската комисија.

– Хаосот бара Ваш личен ангажман во моментот, се наведува во писмото на ЕЦТАА испратено до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Апелот до Комисијата е во исто време со предупредувањето од групата на европски аеродроми дека во август е манален бројот на патници за 65, а во првите две недели од септември се намалил дури за 73 отсто.

– Неимплементацијата на предлогот на ЕК ќе ја уништи секоја можност за потенцијално закрепнување, се предупредува во писмото, што е потпишано од здруженија кои заедно претставуваат повеќе од 5.000 компании и милиони работници во различни сектори, од авијација и туристички агенции до хотели, ресторани и кампови и фирмите за нивно снабдување.

Туризмот сочинува 10 проценти од економската активност во ЕУ и вработува 12 проценти од вкупната работна сила.

ЕЦТАА е составена од повеќе од 20 туристички здруженија и Меѓународната асоцијацијаза воздушен сообраќај (ИАТА). ми/

Таг
Back to top button
Close
Close