0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономија

ЕБОР и ЕУ ги поддржуваат МСП во Северна Македонија преку Шпаркасе лизинг

Малите и средните претпријатија (МСП) во Северна Македонија ќе имаат корист од новото финансирање обезбедено од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со цел да инвестираат во комерцијални возила и опрема со повисоки стандарди, задоволувајќи ги ЕУ-директивите во областите на заштита на човековата околина, здравје и безбедност на работното место, како и квалитет и безбедност на производите.

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Малите и средните претпријатија (МСП) во земјава ќе имаат корист од новото финансирање обезбедено од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со цел да инвестираат во комерцијални возила и опрема со повисоки стандарди, задоволувајќи ги ЕУ-директивите во областите на заштита на човековата околина, здравје и безбедност на работното место, како и квалитет и безбедност на производите.

Како што соопштија од ЕВОР, ова е прва нивна инвестиција во лизинг-секторот во земјата. Банката го одобри кредитот од милион евра на Шпаркасе лизинг, компанија во сопственост на постоечкиот клиент Шпаркасе банка Македонија, која е дел од Ерсте групацијата, со повеќе од 4 отсто удел на пазарот во Северна Македонија.

– Поголемиот дел од финансирањето ќе биде поврзано со поддршка на еколошки проекти кои ги намалуваат емисиите на гасови создавајќи ефект на стаклена градина. МСП ќе можат да го прошират и подобрат работењето преку овозможување на лизинг за камиони, автобуси, електрични и хибридни возила кои го задоволуваат ЕУРО-6 стандардот и опрема за градежништво согласно ЕУ регулативите.

Оваа поддршка доаѓа од Програмата за поддршка на МСП на Западен Балкан, поддржана е од ЕУ и се фокусира на подобрување на оперативните и производните стандарди на малите компании, со цел да се поконкурентни на локалните и ЕУ пазари.

МСП кои учествуваат во програмата ќе имаат можност да добијат грант во износ до 15 проценти од сумата на лизингот.

ЕБОР е цврсто посветена на поддршката на МСП, кои се клучни економски играчи во земјата и се тешко погодени од панедмијата на коронавирусотОва е втората трансакција на Банката од појавувањето на пандемијата и има за цел да го зголеми пристапот до финансии на приватниот сектор во Северна Македонија. Ни претставува задоволство што го потпишуваме нашиот прв проект во лизинг-секторот во земјата, и првиот проект воопшто со лизинг-компанија во рамките на Програмата за поддршка на конкурентност. Трансакцијата ќе го подобри пристапот на МСП до средства и ќе им помогне да инвестираат во дополнителни ресурси. Ќе ја зголеми нивната свест за поволностите од усогласување со ЕУ стандардите, изјави Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија.

Никола Бертолини, раководител на соработка во Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, потсети дека ЕУ има мобилизирано пакет итна поддршка во износ од € 66 милиони, во вид на грант за да ѝ помогне на Северна Македонија во справувањето со здравствените и општествено-економските последици кои настанаа од КОВИД-19 кризата, а оваа помош доаѓа дополнително со редовната помош на Унијата наменета за доближување до ЕУ, од која граѓаните и деловниот сектор ќе имаат корист.

– Од програмата за конкурентност, ЕУ обезбедува 15 % грант за кредитите и корисниците на лизинг за МСП. Кај кредитите, ова веќе се покажа како мошне успешна пракса во однос на намалување на трошоците за финансирање на компаниите. Очекуваме и оваа поддршка за користењето на лизинг да биде еднакво атрактивна, изјави Бертолини.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2 милијарди евра во 132 проекти во земјата, стои во соопштението. вг/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close