Svet.SlajderСветСвет.Портал

ЕА дејли: Руските „Су-35“ пресретнале турски „F-16“ на сириското небо

Турските борбени авиони пред неколку дена се обиделе да навлезат  во сирискиот воздушен простор, над провинцијата Алепо, но биле пресретнати од руските борбени ловци, пишува кинескиот портал Соху, повикувајќи се на свои извори, пренесе ЕА Дејли.

Дамаск, 11 февруари 2020 (МИА) – Турските борбени авиони пред неколку дена се обиделе да навлезат  во сирискиот воздушен простор, над провинцијата Алепо, но биле пресретнати од руските борбени ловци, пишува кинескиот портал Соху, повикувајќи се на свои извори, пренесе ЕА Дејли.

Сајтот пишува дека Турција направила обид да изведе воздушни напади врз позициите на сириската војска во регионот на Големиот Идлиб (провинциите Идлиб и Хама, делови од провинциите Алепо и Латакија), користејќи ги ловците „F-16“. Но, плановите на турската авцијација се изјаловиле од кренатите во воздух руски повеќенаменски ловци „Су-35“, кои веднаш полетале од базата Хмејмим во провинцијата Латакија.

„Руските „Су-35“ фактички го блокирале влезот за турските „F-16“ во сирискиот воздушен простор и не дозволиле да ја пресечат воздушната граница. На крајот, турските пилоти биле принудени да се повлечат“, наведуваат изворите на портаолот Соху.

Нема официјална потврда на информацијата за „средбата“ на руските и туските ловци во воздухот на турско-сириската граница.

Според воените експерти, изворите на овој кинески портал често пати даваат погрешна слика за настани заради непроверените информации. Но, од друга страна, има и случаи кога написите во воените рубрики на Соху за настани во различни вооружени конфликти низ светот со тек на време да се покажале и за точни. сд/

Back to top button
Close
Close