0_Магазин.ПорталЗанимливости

Е.Т. се врати на Земјата после 37 години (видео)

Американската технолошка компанија Xfinit пред неколку дена ја објави својата божиќна реклама која само на Јутјуб веќе ја виделе повеќе од 10 милиони луѓе.

Њујорк, 2 декември 2019 (МИА) – Американската технолошка компанија Xfinit пред неколку дена ја објави својата божиќна реклама која само на Јутјуб веќе ја виделе повеќе од 10 милиони луѓе.

Во рекламата се појавува Е.Т., омилениот вонземјанин од истоимениот филм на Стивен Спилберг од 18982 година.

Е.Т. после 37 години се враќа за да го посети својот пријател Елиот за празниците. Додека е на Земјата, дознава дека Елиот има семејство, а технологијата на нашата планета целосно се сменила.

Емотивната божиќна реклама за само неколку дена освои милиони гледачи, а посебно ги израдува љубителите на класикот на Спилберг. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close