0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Џејсон Кид главен претендент за тренерското место во Далас/

Помошникот на Лос Анџелес лејкерс, Џејсон Кид ќе биде главниот кандидат за нов тренер на Далас веднаш штом клубот започне со регрутирање, објави „ЕСПН“.

Лос Анџелес, 25 јуни 2021 (МИА) – Помошникот на Лос Анџелес лејкерс, Џејсон Кид ќе биде главниот кандидат за нов тренер на Далас веднаш штом клубот започне со регрутирање, објави „ЕСПН“.

Маверикс моментално се фокусирани на избор на нов генерален директор по отпуштањето на Дон Нелсон.

Помошникот на досегашниот тренер Рик Карлајл, Џамал Мозли, кој има доверлив работен однос со ѕвездата на клубот Лука Дончиќ, е исто така сериозен претендент за тренерската функција на Далас.

Четириесет и осумгодишниот Кид се приклучи на стручниот штаб на Френк Вогел во Лејкерс во 2019 година. Од 2014 до 2018 година, Џејсон беше на чело на Милвоки, од 2013 до 2014 година во Бруклин.

Кид играше за Далас од 2008 до 2012 година како играч и стана шампион во НБА 2011 година. Дури и тогаш, Маверикс беше импресиониран од лидерските квалитети на плејмејкерот и го гледаа како иден тренер на тимот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close