Дописници МКДОпштински вести

Ќе се реновира спортскиот објект на градскиот стадион во Крива Паланка

Со средства во висина од околу 1.2 милиони денари од Агенцијата за млади и спорт ќе се реновира помошниот објект на фудбалскиот терен кај спортскиот комплекс во Крива Паланка.

Крива Паланка, 5 февруари 2021 ( МИА) – Со средства во висина од околу 1.2 милиони денари од Агенцијата за млади и спорт ќе се реновира помошниот објект на фудбалскиот терен кај спортскиот комплекс во Крива Паланка.

– Станува збор за проект кој е продолжение на заложбите за унапредување на спортската инфраструктура во општината. Објектот што ќе се реновира е во лоша состојба, дел е од спортскиот комплекс на фудбалскиот терен и благодарение на Агенцијата за млади и спорт во првата фаза се одобрени 1.178.000 денари за комплетно реновирање на истиот. Ќе се изврши обнова на фасадата, пристапот, целата внатрешност на објектот вклучувајќи ги соблекувалните, тоалетите, помошните простории и терасата која ќе се адаптира како ВИП ложа, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Посочи дека многу важно е што објектот ќе биде енергетски ефикасен и ќе има поставено фото-волтаични панели на покривот за затоплување на истиот, а и за обезбедување на топла вода.

Во реновираниот објект ќе биде опремена и една просторија ккао чајна кујна за потребите на спосртските клубови.

Освен оваа прва фаза на реновирање и модернизација на објектот, планирани се и вложувања и обезбедување средтсва за уредување на целиот спортски коплекс.

 

Средствата од АМС за реконструкција на овој спортски терен се одобрени во рамки на програмата за изградба на ноив објекти и реконструкција на постојните објекти за 2021 година. ид/ки

Back to top button
Close
Close