Дописници МКДОпштински вести

Ќе се реконструираат училниците во ОУ „Славчо Стојменски“ во Виница

Училниците во основното училиште „Славчо Стојменски“ во  Виница ќе добијат нови плафони и подови, со што ќе се подобрат условите за следење на наставата во претстојната учебна година.

Виница, 21 јули 2021 (МИА) – Училниците во основното училиште „Славчо Стојменски“ во  Виница ќе добијат нови плафони и подови, со што ќе се подобрат условите за следење на наставата во претстојната учебна година.

На работен состанок, што денеска се одржа во училишните простории, беше потпишан договор за реализација на проектот „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието”, финансиски поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен за развој – УСАИД.

– Во овој проект е предвидено да се реконструираат плафони со површина од над 700 квадратни метри и подови во училниците на околу 360 квадратни метри. Кај дел од училишните подови ќе биде поставен нов заштитен слој со дебелина од пет сантиметри. Предвидено е градежните работи да се реализираат до почетокот на септември со што ќе се овозможи осетно подобрување на условите за одвивање на наставата со физичко присуство, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

За реализација на проектот за реконструкција на училниците, обезбедени се1,2 милион денари, при што од општинскиот буџет на Виница ќе се кофинансира една четвртина од инвестицијата. та/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close