0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Ќе се реконструира западната трибина на стадионот во Штип

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „HatTrick“ програмата за развој на фудбалската инфраструктура го претстави основниот проект за западната трибина на Градскиот стадион во Штип.

Штип, 15 септември 2020 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „HatTrick“ програмата за развој на фудбалската инфраструктура го претстави основниот проект за западната трибина на Градскиот стадион во Штип.

– Новиот стадион не само што ќе стане пристоен дом за штипската гордост – Фудбалскиот клуб Брегалница, туку би бил и прилика за македонската репрезентација да биде домаќин на важни квалификациски натпревари, изјави денеска заменик-градоначаникот на Штип, Јане Миланов.

Според ФФМ, реконструкцијата на западната трибина ќе овозможи 2.000 нови седишта за публиката, ќе има ВИП ложа, место за новинари, пристап за инвалидизирани лица и нови соблекувани. вдј/оџ/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close