0_Македонија.ПорталДописници МКДМКД

Ќе се реконструира дел од канализациската мрежа во Кочани и населбата Оризари

Во завршна фаза е изборот на изведувач на градежните работи за реконструкција и проширување на системот за собирање на отпадни води во населбата Оризари и на дел од канализациската мрежа во Кочани.

Кочани, 3 февруари 2021 (МИА) – Во завршна фаза е изборот на изведувач на градежните работи за реконструкција и проширување на системот за собирање на отпадни води во населбата Оризари и на дел од канализациската мрежа во Кочани.

Средствата за оваа намена се обезбедени со донација од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), при што локалната самоуправа на Кочани од општинскиот буџет ќе кофинасира десет отсто од вредноста на проектот.

– Со проектот за третман на отпадни води ќе се градат два нови колектора за канализација кои ќе ги заменат сегашните и ќе бидат конструирани паралелно со нив. Колекторот од десната страна на Оризарска Река ќе биде долг 788 метри, а од спортивната страна 998 метри. Потребата за реконструкција на дел од канализацискиот систем во Оризари доаѓа поради големата инфилтрација на подземна вода во двата главни колектора. Исто така, и од левата страна на Кочанска Река ќе се гради нов цевковод за собирање отпадни води, паралелен со постојниот, истакнаа од Одделението за уредување на градежното земјиште.

Покрај реконструкција и проширување на канализацискиот систем во Оризари, набавката вклучува и изградба на една линија за атмосферска канализација за одводнување на водата од Кочански Дол.

Во тек е и постапка за избор на изведувач за реконструкција на канализациската мрежа во селото Тркање, со што сите фекални води ќе се поврзат со пречистителната станица во Мојанци. Со тоа ќе се решат спорните делници со несоодветна нивелација и ќе се спречи излевањето на фекалните води во Трканска Река. ат/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close