0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Ќе се менува системот за затоплување во кривопаланечката градинка „Детелника“

Во детската градинка „Детелинка“ од Крива Паланка ќе биде инсталиран систем на затоплување на пелети, со што ќе се замени постојниот систем на греење на огревно дрво и ќе се придонесе кон заштита на животната средина, информира директорката на ОЈУДГ „Детелинка“, Мирка Јакимовска.

Крива Паланка, 27 јуни 2020 (МИА) – Во детската градинка „Детелинка“ од Крива Паланка ќе биде инсталиран систем на затоплување на пелети, со што ќе се замени постојниот систем на греење на огревно дрво и ќе се придонесе кон заштита на животната средина, информира директорката на ОЈУДГ „Детелинка“, Мирка Јакимовска.

Проектот ќе се спроведе со средства во висина од 1.8 милиони денари преку Програмата на Владата на Република Северна Македонија за намалување на аерозагадувањето за 2020 година.

-Добиениот износ средтсва ов Валдата е наменет за набавка на опрема и систем за инсталација на греење на пелети, со што во објектот на главната улица, клон-1 на гардинката, во овој период ќе се изврши замена на постојната опрема за греење на огревно дрво и набавка на нова и нејзино ставање во функција. Објектот е голем, на два ката, со околу петнаесетина занимални, кујна, сала, административни простории, а покрај намалувањето на аерозагадувањето и заштита на животната средина, за нашата институција тоа ќе значи и заштеда на средства и енергија. Особен придонес кон тоа ќе даде и неодамнешната реконстуркција на целито објект, на кој беше псотавена енергетски-ефикасна фасада, а заменета е и кровната конструкција, посочи Јакимовска.

Во градинката „Детелинка“ неделава отпочна и проектот за доградба на уште еден кат во клон-2, објект на ул. Илинденска, со што ќе се зголеми и капацитетот за згрижување на деца за околу 100 дечиња.

Инаку, усписите во градинката за претстојната учебна година 2020/21 за предучилишно згрижување, градинак и забавишни групи ќе започне во понеделник и ќе трае до 3 јули. ид/цр

Back to top button
Close
Close