Дописници МКДОпштински вести

Ќе се изработува техничка документација за брана на реката Сушица во Виничко

Во планот за јавни набавки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2020 година влезе и проектот за изработка на техничка документација за изградба на брана на реката Сушица во Виничко.

Виница, 31 јануари 2020 (МИА) – Во планот за јавни набавки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2020 година влезе и проектот за изработка на техничка документација за изградба на брана на реката Сушица во Виничко.

Од локалната самоуправа на Виница информираа декла според проценките на стручните служби во ресорното министерство, изработката на документацијата ќе чини околу 1,2 милиони денари, а се очекува тендерската постапка за избор на проектант да биде објавена во мај годинава.

– По неколкуте средби со министерот Трајан Димковски на кои ја образложивме потребата од изградба на браната Сушица, деновиве шефот на неговиот кабинет ни потврди дека позитивно е одоговорено на барањето. Се надеваме дека тендерската постапка ќе помине без проблеми, со што ќе се овозможи до крајот на наредната година да почне и изградбата на овој зафат за наводнување што земјоделците во Виничко одамна го очекуваат, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

Сливното подрачје на реката Сушица зафаќа простор од околу 100 квадратни километри, а со изградбата на браната ќе се обезбеди наводнувањето на земјоделското земјиште во атарот на селата Пеклани, Крушево и Драгобраште. та/дма/

Back to top button
Close
Close