Некатегоризирано

„Џејнс“: Глобалните расходи за одбрана над 1,8 илјади милијарди долари

Глобалните расходи на одбраната во 2019 година надминува 1,8 илјади милијарди долари. Тоаа се вели во извештајот објавен од Агенцијата за информации и аналитика на „Џејнс“ (Jane's).

Вашингтон, 9 јануари 2020 (МИА) – Глобалните расходи на одбраната во 2019 година надминува 1,8 илјади милијарди долари. Тоаа се вели во извештајот објавен од Агенцијата за информации и аналитика на „Џејнс“ (Jane’s).

„Овој резултат во најголем дел се должи на зголеменото трошење на одбраната на европските земји“, велат експертите на Џенјс.

Според извештајот, зголемувањето на глобалното трошење на одбраната во 2019 година е забавено на 1 процент наспроти 6 проценти во 2018 година.

„Додека во повеќето региони бележи пад, трошењето на европските земји во оваа област е зголемено за 5,2 проценти. Уште повеќе, шест од првите десет буџети за одбрана во 2019 година се од европските земји “, велат аналитичарите.

Бугарските одбранбени трошоци пораснаа најбрзо во 2019 година (125 проценти).

Според проценката на Џејнс, глобалното трошење на одбраната ќе се зголеми за 1,5 до 2 проценти секоја година во текот на следната деценија.

На топ 10 земји со најголемо трошење на одбраната во 2019 година спаѓаат САД (726 милијарди американски долари), Кина (217 милијарди долари), Саудиска Арабија (57 милијарди долари), Индија (57 милијарди долари), Велика Британија (56 милијарди долари) долари), Франција (53 милијарди долари), Германија (48 милијарди долари), Русија (48 милијарди долари), Јапонија (45 милијарди долари) и Јужна Кореја со 41 милијарди долари.

Списокот останува речиси непроменет од 2018 година – Германија се искачува на 7-та позиција и Јапонија се спушти на 9-та позиција.

Според експертите на Џејнс, за две години вкупното трошење на одбраната на европските земји ќе достигне 300 милијарди американски долари. зш/

Back to top button
Close
Close