0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

Џејмс и Дејвис силни во победата над Мемфис

Ентони Дејвис претрпе повреда на мускулот во ногата во првото полувреме, но го заврши натпреварот и забележа 28 поени и 13 скока.

Лос Анџелес, 22 февруари 2020 (МИА) – Леброн Џејмс постигна 32 поени за успехот на Лос Анџелес Лејкерс против Мемфис Гризлис со 117: 105.

Ентони Дејвис претрпе повреда на мускулот во ногата во првото полувреме, но го заврши натпреварот и забележа 28 поени и 13 скока.

Ејвори Бредли додаде 14 поени.

За Мемфис, Џош Џексон со 20 поени беше најдобар стрелец.

Лука Дончиќ постигна 33 поени, освои 10 скокови и направи 8 асистенции, додека резервата Макс Клебер забележа највисоки 26 поени во кариерата во победата на Далас Маверикс над Орландо Меџик со 122 – 106.

Клебер одигра силна последна четвртина во која постигна три тројки и заврши со 12 поени. Кристап Порзингис постигна 24 поени и 10 скока за Маверикс. Тим Хардавеј Џуниор помогна со 16 поени и 6 скока.

За Меџик, Еван Фурние постигна 28 поени (5 тројки), а Никола Вучевиќ се истакна со 27 поени и 12 скокови.

Резултати во НБА

Орландо – Далас – 106: 122
Вашингтон – Кливленд – 108: 113
Њујорк – Индијана – 98: 106
Торонто – Феникс – 118: 101
Минесота – Бостон – 117: 127
Сити Оклахома – Денвер – 113: 101
Јута – Сан Антонио – 104: 113
Л.А. Лејкерс – Мемфис – 117: 105
Портланд – Њу Орлеанс – 115: 128

Таг
Back to top button
Close
Close