0_Спорт.ПорталКошарка

Џејмс ќе го пропушти натпреварот со Голден Стејт

Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, ќе го пропушти утрешниот натпревар на гостински терен против Голден Стејт.

Сан Франциско, 27 февруари 2020 (МИА) – Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, ќе го пропушти утрешниот натпревар на гостински терен против Голден Стејт.

Триесет и петгодишниот Леброн има болки во препоните и стручниот штаб на Лејкерс одлучи да му даде одмор.

Првата ѕвезда на „езерџиите“ во вторникот играше против Њу Орлеанс пеликанс и постигна 40 поени, што беше неговиот најдобар резултат во тековната сезона. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close